Скандал на хрватскиот Евросонг: Посегна по шлицот пред Северина, па и се извини/ФОТО

2828

Пејачот Саша Лозар јавно и се извини на Северина по коментарите што и ги даде на конференцијата по првата полуфинална вечер на Дора.

На првата вечер од музичката шоу програма „Дора 2024“, каде Хрватска го избира својот претставник за Евровизија, еден од учесниците беше групата Лет 3, која ја изведе песната „Бабарога“, а како член на таа група, на сцената се појави и Северина Вучковиќ.

На конференцијата по првата вечер се создала непријатна ситуација, по што публиката го обвини пејачот Саша Лозар дека дава сексистички коментари, за што тој јавно се извини.

“Има моменти во животот кога се претерува. Во вчерашното лудило и атмосфера и кажав тотална глупост на Северина и нешто што НИКОГАШ не би го кажал. Севе, навистина ми е жал што те повредив тебе, твоите најблиски или некого. Знај дека тоа не ми беше намерата. Жал ми е. Саша“, напиша пејачот на Инстаграм.

Пејачите Еуген Стјепан Вишиќ, Марио Липовшек Батифијака и Саша Лозар непријатно ги изненадија гледачите на Дора со недоличното однесување кон Северина на конференцијата по првата полуфинална вечер. Северина им подели јајца на другите учесници, но некои не ги прифатија. Прв беше Винко Ќемераш, а потоа и Батифиака, кој на Северина и порача: „Благодарам многу, веќе имам две“. Саша Лозар го повтори истото, а потоа Еуген го врати јајцето.

“Дали е тоа твоето јајце Северина? Од кралицата на кокошките? Чекај, имам уште едно јајце”, рекол Саша на англиски и почнал да си го откопчува шлицот.

„Не е толку големо, но ќе биде добро“, додаде тој.