Скандал во Словенија: Спортски новинар шверцувал мигранти поради финансиски проблеми

28

Словенска телевизија му дала отказ на спортски новинар кој шверцувал мигранти од Пакистан, пренесуваат медиумите. Новинарот на водечката комерцијална телевизија ПОП-ТВ се наоѓа во притвор, откако полицијата во негово возило открила четворица мигранти од Пакистан минатата недела.

„Изразуваме жал поради овој настан. За постапките на новинарот на нашата спортска редакција надвор од работното место ние не сме известени, а не знаеме ниту за евентуалните лични околности во кои се нашол“, соопшти ПОП-ТВ.

Според весникот „Словенске новице“ станува збор за 29-годишниот Жиги Лесјак од Велељ кој следел мото спортови.

Медиумите пренесуваат дека започнал да се занимава со шверц на мигранти поради финансиски проблеми.