Скандал во авион: Патничка претепала стјуардеса и ѝ ги искршила забите/ВИДЕО

417

За време на летот на „Саутвест Ерлајнс“ од Сакраменто до Сан Диего, дваесет и осумгодишната американка Вивиен Квинонез, брутално ја нападнала стјуардесата поради што по слетувањето на авионот е приведена од полицијата

Според изјавите на сведоците, до физичкиот напад на жената врз вработената во “Саутвест Ерлајнс” дошло откако неколку пати ја замолила правилно да ја носи маската преку носот и устата, како и сите останати патници, и да се придржува до правилата. Квинонез секогаш се правела дека не слуша, а кога стјуардесата веќе го загубила трпението и го кренала гласот, жената и возвратила со удари во лице. Притоа и скршила два заба.

Целиот напад го снимила 57-годишната Мишел Манер, која се враќала од годишен одмор.

“Пет минути пред нападот дојде до судир. Забележав врискање на двете страни. Се расправаа за правилно носење на маска преку носот”, рекла таа и додала дека веќе и била вклучена камерата во моментот на нападот.

“Бев фокусирана на тоа да го држам мобилниот телефон правилно, за да ја забележам ситуацијата и да имам доказ”.

Кога авионот слетал во Сан Диего, патниците морале да останат на своите места до доаѓањето на полицијата, која ја привела Вивиен Квинонез. Со оглед на тоа дека нападот го извршила на лет, обвинението автоматски е на сојузно ниво.

Авиокомпанијата “Саутвест” не го кажала името на својата стјуардеса во јавност, а нападот остро го осудила.

“Не дозволуваме ниту толерираме вербални и физички напади на нашиот кабински персонал кој е тука за да ја гарантира безбедноста на сите патници”, соопштиле од авиопревозникот.

Освен казните кои треба да ги утврди судот, на Квинонез и е доживотно забранет да патува со “Саутвест”.