Ирена Спасовска е нашата добро позната пејачка. Таа е поодамна разведена но воедно е и посветена мајка на возрасната ќерка Тамара. Инаку, пејачката секогаш се грижи за својот здрав изглед, вози велосипед, редовно вежба и здраво се храни. Никогаш не јаде месо, а пред некое време беше гостинка во емисијата кај Адријана Алачки кога премиерно го направи вкусното јадење “мусака од тиква“.                   Овој рецепт имавме можност да го видиме и ова утро (на 18 октомври) репрезно на ТВ Алфа. И пак, уживавме во специјалитетите на Спасовска. Кафеаната е всушност нејзиното работно место каде што многу се јаде и пие.                                                  –Ние сме кафеанска нација која повеќе сака кафеански живот од самиот живот! Боемскиот живот и кафеана не се закана за животен стил.                                          Ако не излегуваш во кафеана и седиш дома тоа не значи дека живееш здраво, а и обратно: тие што се постојано во кафеана не се пијаници. Јас барем знам. Има најмногу фин свет, разбран, културен.                                                                        Поединците, оние пијандурите така би ги нарекла, ја создаваат лошата слика за кафеаната. Нашата работа е специфична во кафеаната. Бара контуинирано работење. Не трпи подолга пауза и ако пандемијата сите не уништи, ама силни сме ние пејачите, си ги чекаме пак своите пет минути.                                                                          Кај може овој народ без песна, кафеана, расположение и добра пејачка, коментира згодната македонска фолк-интерпретаторка. (Д.М.)