Си дојдоа дома од Австралија: Јордан и Благица од лето во зима – од сладолед на кисела зелка со сармички

169

Македонските фолк ѕвезди Јордан Митев и Благица Павловска штотуку се вратиле од нивната австралиска турнеја. И како што е ред, Митев веднаш им се заблагодарува на сите што придонеле таму да се почувствуваат тој и колешка му Благица како да се дома во Македонија:
– Беше тоа уште едно убаво искуство, уште една алка во ланецот на мојата музичка кариера. Сакам од срце да се заблагодарам пред сè на публиката која беше присутна на концертите ширум цела Австралија, сите соработници кои помогнаа за одличната организација, оркестарот кој ме придружуваше на сите концерти оркестарот “Амадеус“ од Мелбурн, за одличната соработка со колешката Благица Павловска, за гостопримството на сите мои пријатели, а најголемо благодарам на моите главни организатори на целата турнеја, македонското младинско друштво “Никола Карев” од Мелбурн со менаџерот Аце Петровски. Време е да си се вратиме дома……
И, се вратиле! Со оглед на тоа дека од австралиското лето каде им беше доста со сладоледи, Јордан и Благица доаѓаат во македонска зима. Време е и да си ги засукаат ракавите, па онака домаќински да си ја стават зимницата. Јордан киселата зелка, а Благица да завитка сармички. Зошто да не, и тоа е за луѓе домаќини, без разлика на нивната популарност. Не се поразлични од обичниот свет, нивните фанови. Нели?! Д.М.