Сијарто: Унгарија нема да разговара со другите земји членки на ЕУ за забрана на увозот на руски гас

56

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто соопштил дека Унгарија нема намера да разговара со другите земји членки на ЕУ за забраната на увоз на природен гас од Русија, затоа што тоа би ја уништило унгарската економија, пренесува аганцијата ТАС.

Сијарто на состанокот на Европскиот совет за транспорт, телекомуникации и енергетика во Луксембург изјавил дека дошол со „јасен мандат“ и дека Унгарија нема да разговара за ембарго на гас.

„Не гледаме никаков проблем во тоа Европската унија да бара нови извори на гас, но тоа треба да биде доброволно и ниедна држава членка не смее да биде под било каква обврска во врска со купувањето – истакнал Сијарто.

Сијарто додал дека Унгарија очекува од ЕУ да каже дали е точно дека дотокот на гас од Русија во Европа преку Северниот ток е намален затоа што опремата која е испратена во Канада на сервисирање не е вратена.

„Ако е тоа точно, очекуваме Европската  комисија да се погрижи снабдувањето со гас во Европа да не западне во краткорочна криза – истакнал Сијарто.

Руската компанија „Гаспром“  на 14 јуни соопшти дека дотокот на гас е намален затоа што некои од единиците за испумпување биле испратени во германската компанија „Сименс“ и не  биле вратени. Од „Сименс“ соопштиле дека единиците за испумпување кои се наоѓале во Канада не можат да бидат вратени назад затоа што земјата вовела санкции кон Русија.