Сити ќе го направи „својот син“ најплатен британски фудбалер во историјата

253
epa10301413 Phil Foden of Manchester City warms up ahead of the English Premier League soccer match between Manchester City and Brentford FC in Manchester, Britain, 12 November 2022. EPA-EFE/Tim Keeton EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити, планира да ја продолжи соработката со одличниот офанзивен фудбалер Фил Фоден.

Иако договорот на Фоден со „граѓаните“ е со важност до летото 2027 година, челниците на клубот сакаат да ја продолжат соработката со него пред да стартува нова сезона во Премиер лигата.

Медиумите на Островот пренесуваат дека челниците на Сити ќе понудат договор за уште шест години, а доколку Фоден ја прифати понудата, ќе стане најплатениот британски играч во историјата.

Репрезентативецот на Англија моментално заработува околу 235.000 евра неделно, а со новиот договор ќе заработува околу 445.000 евра, што го прави најплатениот британски играч во историјата.

Сити го „подготви“ теренот, веќе ја заврши првата рунда преговори со агентот на Фоден, а планираат да ја завршат работата до почетокот на новата сезона за да има „мир по куќа“.

Инаку, Фоден во сезоната зад нас одигра 53 натпревари за „граѓаните“ во сите натпреварувања и постигна 27 гола, а запиша и 12 асистенции.

Играчот од средниот ред на актуелниот англиски шампион беше прогласен за најдобар играч на Премиер за изминатата сезона, а во борба за оваа престижна награда се најдоа и Ерлинг Халанд, Александар Исак, Мартин Одегард, Деклан Рајс, Кол Палмер, Вирџил ван Дијк и Оли Воткинс.

Да потсетиме, претходните години најдобри играчи во сезоната беа Ерлинг Халанд, Рубен Диас и двапати Кевин де Бруин.

Фоден е дете на Манчестер Сити, односно ги мина сите младинските категории на овој клуб, а во досегашната кариера настапуваше само за „граѓаните“.