Сити се спаси – нема да има забрана, само парична казна

33

Шампионите на Англија, Манчестер Сити избегнаа забрана за трансфери, иако ФИФА објави дека „граѓаните” ги прекршиле трансфер правилата при пријавување на играчи под 18 години.

На крајот, од светската фудбалска централа го помилуваа Сити, при што Дисциплинскиот одбор на Федерацијата им изрече само парична казна на Британците.
Манчестер ќе плати казна од 370.000 швајцарски франци или 314.670 фунти. Така, од стадионот „Етихад” нема да ја имаат судбината на своите сонародници од Челзи, кои немаат право на трансфери ова лето поради слични околности.

„Дисциплинскиот одбор го забележува фактот дека Манчестер Сити ја презеде одговорноста и ја сфати својата грешка”, се вели во официјалното соопштение на ФИФА, во кое се споменува и точната сума што Ман Сити треба да ја плати за прекршувањето.