Сите шанси беа против неа, но не се откажа: Атлетичарка среде невреме истрча 5000 метри/ВИДЕО

40

Не е важно во што се натпреварувате, важно е секогаш да покажувате дека не се откажувате и дека и покрај сѐ ја исполнувате барем сопствената цел.

Камбоџанката Бу Самнанг го привлече вниманието на пошироката атлетска јавност откако ја издржа трката на 5.000 метри и покрај неповолните временски услови и силниот дожд.

Атлетичарката од Камбоџа „фатално“ заостануваше зад своите ривалки, но беше посилна и од замор и од дожд и успешно ја заврши трката на Јужноазиските игри, пренесува Нова.рс.

Кога сфатила дека си ја исполнила целта, заплакала.

Сликата кажува повеќе од 1.000 зборови.