Сите тренери кои се во игра за предводник на Јуве

90

Од дена на ден се поголем и поголем е списокот со тренери кои се во игра за престижната функција во редовите на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

Пред неколку дена, од таборот на “старата дама” беше потврдено дека клубот ја прекинува соработката со трофејниот стучњак, Масимилијано Алегри.

Италијанските медиуми открија дека неколку звучни имиња се во игра за тренерската функција, а меѓу нив се и тие на Симоне Инзаги, Маурицио Сари, Дидиер Дешамп, Синиша Михајлковиќ, Леонардо Жардим, Зинедин Зидан и Јурген Клоп.