Сите работи кои ги пишуваат за Гонзало се лага!

66
TURIN, ITALY - NOVEMBER 22: Gonzalo Higuain of Juventus gestures during the UEFA Champions League group D match between Juventus and FC Barcelona at Allianz Stadium on November 22, 2017 in Turin, Italy. (Photo by Giorgio Perottino - Juventus FC/Juventus FC via Getty Images) *** Local Caption *** Gonzalo Higuain

Таткото на аргентинскиот интернационалец од редовите на Јувентус, Гонзало Игуаин, Хорхе, експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека неговиот син не сака да се врати во Торини и дека сака да остане во Аргентина покрај својата мајка која има карцином.

  • Сите работи кои ги пишуваат за Гонзало се лага. Можам со сигурност да ви кажам дека тој ќе остане во Јувентус, бидејќи има уште година и пол од неговиот договор со клубот и планира да го испочитува. За време на тие 18 месеци тој самиот ќе одлучи што понатаму, бидејќи само тој ја има судбината во свои раце. Ви гарантирам дека Гонзало нема никаква желба да го напушти Јувентус, каде навивачите го сакаат, а и тој исто така ги сака нив, како и клубот, изјави Хорхе Игуаин.