Принцот Вилијам ќе се врати на службените обврски утре по велигденските празници, кои ги помина со Кејт Мидлтон и нивните деца Шарлот, Џорџ и Луис.
Тоа ќе биде негов прв јавен ангажман откако принцезата од Велс пред речиси еден месец објави дека се бори со ракот. Во пресрет на таа задача беше објавена неговата нова порака, исклучително значајна.
Принцот од Велс им се обрати на семејствата на оние кои извршија самоубиство, од заедницата на воените ветерани. Пораката е дел од предговорот на серијата водичи за воените ветерани и нивните најблиски, објавени од хуманитарната организација Suicide Bereavement UK.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со години се посветени на борбата за грижа за менталното здравје.
„Ве молиме знајте дека не сте сами. Клучно е да се слушне гласот на оние кои тагуваат поради самоубиство. Нема временско ограничување за справување со тагата, но Кетрин и јас запознавме многу ожалостени семејства низ годините и ја знаеме силата што доаѓа од споделување на искуството, дури и во најтрагични околности“, рече принцот Вилијам, пренесе Мирор.
Британскиот престолонаследник утре ќе ги посети Сари и Западен Лондон за да го истакне „влијанието што организациите во областа го имаат врз заедницата и животната средина преку нивната работа“, пишува Дејли Мејл.
Принцот Вилијам, кој неодамна се огласи на „X“ со Кејт Мидлтон, прво ќе ја посети хуманитарната организација Surplus to Supper каде што ќе види како вишокот храна се доставува, сортира и препакува за достава во добротворната организација. Тие потоа ќе одат во младински центар во западен Лондон, кој добива редовни испораки на вишок храна од добротворната организација и ќе дознаат како тоа им користи на младите.
Неговото враќање на должност е во согласност со најавите бидејќи беше посочено дека ќе се врати на работа по 17 април. Кејт може да се појави на одредени јавни настани, доколку здравјето и дозволува. Поминаа три месеци откако имаше голема, планирана операција на абдоменот во Лондон.