„Сите лица на слободата“ – збирка кратки стрипови од Предраг Ѓуриќ

38

Во издание на Студентскиот културен центар – Нови Сад, излезе од печат збирка кратки стрипови „Сите лица на слободата“ на сценаристот Предраг Ѓуриќ. Од вкупно 24 стрипови, десет се илустрирани од македонскиот уметник Владо Николовски.

Ѓуриќ и Николовски соработката ја започнале на почетокот од 2018 година со првиот краток стрип „Сите лица на слободата“, објавен во Алтком стрип-антологијата во Малме, Шведска. Потоа соработката ја продолжиле со два кратки стрипа кои биле изложени на стрип-фестивалот „Фрејм“ во Прага и биле објавени во фестивалската книга.

Владо Николовски живее и работи во Единбург, Шкотска. Тој дипломирал дигитален дизајн на Универзитетот „Напиер“ во Единбург и три децении работи стрип, моушн-дизајн и илустрации.