Кошаркарите на Србија му нанесоа уште еден пораз на САД на Светското првенство во Кина, победувајќи со 94:89 во дуел за пласман од 5-то и 8-мо.

Двете екипи се очекуваше да се борат за титулата, но останаа без медали.

Сепак, Србите играа подобро и запишаа победа, а Американците во најдобар случај би завршиле на седмо место.

Богдан Богдановиќ за победниците постигна 28 поени, од кои 7 тројки од вкупно 15 за цел тим. Владимир Лучиќ додаде 15, додека за САД, Харисон Барнс реализираше 22, а Кемба Вокер додаде 18.