Сиромашни луѓе за пари ги продавале своите бубрези: Откриена мрежа за шверц со човечки органи во Бугарија

90

Бугарските власти открија криминална мрежа и покренаа обвиненија против четворица членови на таа група, поради регрутирање на сиромашни луѓе, кои за пари ги продавале своите бубрези.

Тројца мажи и една жена се обвинети за регрутирање на донори на органи, кои потоа стапувале во контакт со пациентите на кои им било потребно пресадување на бубрези, изјавил обвинителот Димитар Петров. 

Трансплантациите се врѓеле во болница во Турција, благодарение на фалсификуваните документи според кои пациентот и донорот се во сродство.

Најмалку пет пациенти добиле бубрези за трансплантација од февруари годинава. Пациентите плаќале меѓу 50.000 и 100.000 евра за трансплантација.