Синтезис го промовираа својот “Остров”!

24

Во друштво на најблиските соработници и пријатели затсиноќа групата “Синтезис” го промовораше новиот албум ” Остров”, но и монографијата “Синтезис – Патување низ музичкото време# во која се опфатени сите поважни сегменти и настани од постоењето на групата која годинава одбележува две децении.

На албумот, кој е осми по ред за составот, се наоѓаат седум теми, од кои три се инструментални, а како гостин на две од нив се појавува Влатко Стефановски.

Албумот е снимен во студиото “Подрумот”. Продуценти се “Синтезис” и Ангел Ќосев. Дизајнот е на Иван Дургутовски. Издавач е Скопски џез фестивал, зад кој стои Оливер Белопета, првиот менаџер на “Синтезис”.

Автор на монографијата, пак, е Милан Панов, а во неа покрај него пишуваат и Оливер Белопета и Бранка Костиќ-Марковиќ, кои исто така се обратија на промоцијата, како и Михаил Ренџов, Владимир Мандичевски, Венко Андоновски и Елени Новаковска.