Синот на пациентот што доби срце: Срцето на нивната ќерка, мајка, сестра, сѐ уште чука, тоа нѐ поврзува!

346

Синот на Иван Огњановски, пациентот кај кој е донирано срцето при првата трансплантација во Македонија, Васил Огњановски денеска во изјава за медиумите истакна големо сочувство до фамилијата и голема благодарност што со донирањето спасиле три животи.

Тој додаде дека со неговиот татко сакаат да се запознаат со семејството на починатата, и порача дека срцето на нивната ќерка, мајка, сестра сè уште чука и тоа ги поврзува!