Синот на Аки Рахимовски го посети гробот на Тоше во Крушево/ФОТО

1363

Синот на неодамна починатиот пејач Аки Рахимовски, Кристијан, денеска го посети гробот на Тоше Проески во Крушево. Во посета на спомен куќата „Тодор Проевски“ заедно со Кристијан Рахимовски биле и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и градоначалникот на Крушево, Томе Христовски.

„Со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и синот на покојниот Аки Ракимовски во посета на спомен куќата „Тодор Проески“. Заедно положивме свеќе на гробното место на Тоше и оддадовме почит на големиот пејач, а не изоставивме да поразговараме и за Аки Ракимовски кој го почитуваше нашиот Тоше и постхумно посвети неколку песни“, напиша Христовски на Фејсбук.