Синот и сопругот ќе ѝ ја исполнат последната желба на Марина Туцаковиќ

1545

Најтесното семејство на неодамна починатата, легендарната хит-мејкерка Марина Туцаковиќ ќе ѝ ја исполни желбата. Таа додека беше жива, но и сосема свесна дека деновите ѝ се одбројани, посака да биде погребана далеку од публиката, фановите, ТВ-камери, медиумите…. Синот Милан и сопругот Александар тоа и ќе направат, но и воедно на сите им се заблагодаруваат за поддршката, сочувството и пријателството. Тие ја молат јавноста да ја почитуваат нивната приватност, желбата на Марина погребот да биде интимен, во кругот на семејството и најблиските пријатели.

-Ние изгубивме мајка, сопруга, животен сопатник, а не национално злато. Марина никогаш не сакаше патетика. Масовното обележување на нејзината смрт би било против нејзиниот дух според кој живееше и работеше. Нејзината желба е скромна, да биде погребана во семејната гробница покрај синот Милош, велат тие во соопштението. Така и ќе биде.