Поранешниот швајцарски тенисер Рожер Федерер беше гостин на САД Опен каде и што го коментираше допинг скандалот со Јаник Синер. Италијанскиот тенисер имаше позитивни допинг тестови по Индијан Велс, но АТП ја префрли вината на неговиот физиотерапевт и му дозволи да се натпреварува во Њујорк. Таквата ситуација предизвика револт кај одредени тенисери.
Многумина сметаат дека Синер добил специјален третман во однос на тенисерите кои во минатото биле позитивни на допинг. На оваа тема зборуваше Федерер кој смета дека Синер не требало да учествува на САД Опен.
„Ја разбирам фрустрацијата кај тенисерите, Синер дефинитивно не требаше да има специјален третмант. Голем број тенисери веруваат дека не направил ништо лошо, но не требаше да игра на САД Опен затоа што се уште не е 100% утврдено што се случило“, изјави Федерер.