Синдикатите во Сараево најавија генерален штрајк поради висината на платите

33

Стотина претставници на осум синдикати во Кантонот Сараево денеска одржаа едночасовен предупредувачки протест пред зградата на кантоналната влада, незадоволни од висината на платите, пренесуваат сараевските медиуми.

Станува збор за претставници на синдикатот на здравствени работници, основно, средно и високо образование, државни службеници, полицајци и комунални работници.

Претседателот на Синдикатот на средното и високото образование на КС, Фарук Бешлиќ во своето обраќање пред насобраните рече дека идеите на Владата на КС за предлог-буџетот нема да поминат.

„Протестот го почнавме навреме, а вие видовте колку доцнеа пратениците на седниците. Испраќаме јасна порака до Владата и Собранието на КС – ова нема да ви помине“, рече Бешлиќ.

„Бараме Владата на КС да го повлече нацртот и веднаш да седне на маса со претседателите на синдикатите и да се договори за основицата за следната година“, порачаа синдикалците.

Претставници на осум синдикати застапуваат над 25.000 работници кои ги добиваат своите плати од буџетот на Кантонот Сараево, Фондот на Заводот за здравствено осигурување на Кантонот Сараево и комуналната економија на Кантонот Сараево.

Доколку денешниот протест не ги даде очекуваните резултати, тие најавија дека ќе стапат во генерален штрајк.