Силјановска Давкова: Никогаш нема да разговарам за Македонија, никогаш нема да разговарам за Уставот, пред претходно да се договорам со Владата и со Собранието

52

Во рамките на кампањата за Претседател на Република Македонија на кандидатката Проф. Д-р. Гордана Силјановска- Давкова се одржа митинг во Гостивар.

Во својот говор Професорката Силјановска Давкова порача:

Моето прво ветување до граѓаните е следново:

„Никогаш нема да одам на преговори, никогаш нема да разговарам за Македонија, никогаш нема да разговарам за Уставот, пред претходно да се договорам со Владата и со Собранието за тоа! Не без да имам тези на хартија, без да имам варијанти и предлози. Не! Во спротивно, вие сте политичка вејка. Па тогаш, тоа што ќе ви го издиктираат, ќе го донесете овде како тројански коњ. А, потоа дури и ќе тврдите дека сте учествувале во неговото креирање. Тоа е неодговорен претседател! Тоа е неодговорен премиер! Тие се восхитени од средбите со странските државници бидејќи не се почитуваат себе си. А не се почитуваат зашто нема што да почитуваат во себе. Ним луѓе со интегритет и дигнитет им пречат“, вели Силјановска – Давкова.

Таа додава дека покрај консултациите со Владата, бидејќи меѓу двете глави мора да има секогаш дијалог, компромис и заедничка политика, се разбира дека треба да се советувам и да настапувам и пред пратениците. Сите парламенти се главни креатори на сите политики, па и на надворешната и на безбедносната политика. Таму треба да оди претседателот! Не само како Дедо Мраз пред Нова година, туку многупати! Многупати, за да праша: – Со каква политика, со каква платформа, со каква стратегија да настапиме? Регионална, европска или меѓународна?

„Секој ден се заблагодаруаат по трибините за разбирањето за „тешките државнички“ политики. Но,повеќе од 70% од граѓаните велат: – Не е точно дека таквите политики се во наш интерес. Тоа се политики кои ние не ги одобруваме“, потенцира Силјановска – Давкова.