Силно невреме во регионот – откорнати дрвја и покриви, а авионите не можат да слетуваат

107

Силен ветер што денеска го зафати Сараево направи штета и предизвика проблеми на Меѓународниот аеродром во тој град.

Ветерот соборил дрва, а пожарникарите веднаш стигнале на местото на настанот.

Станува збор за мала штета, но повредени нема.

Силниот ветер оневозможил и слетување на авиони на Меѓународниот аеродром во Сараево, неколку летови се откажани, додека други се вратиле а дестинацијата од која полетале кон главниот град на БиХ.