Силен земјотрес ја стресе Аргентина

25

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени ги погоди централните делови од Аргентина, а властите наведуваат дека засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Американскиот геолошки институт објави дека потресот бил регистриран синоќа, на 63 километри југозападно од градот Сан Луис, на длабочина од 10 километри.

Аргентинските медиуми известија дека потресот најмногу бил почувствуван во провинциите Сан Луис, Мендоза и Сан Хуан.

Земјотресот го почувствувале и жителите на Буенос Ајрес и Росарија.

Тие на социјалните мрежи споделија видео снимки на кои се гледа како се нишаат лустерите во становите, пренесе „АП“.