Силен земјотрес ја погоди Турција

704

Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, јавува EMSC.

ЕМСЦ најпрво извести дека земјотресот бил со јачина од 5,7 степени, но набрзо ја намалиле јачината.

Земјотресот е регистриран на 20 километри од Козан во централна Турција, на длабочина од 12 километри.

Земјотресот е регистриран во 9:31 часот по локално време.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.