Силва парично казнет поради тепачка на карневал

27
epa10178330 Getafe's defender Damian Suarez (R) in action against Real Sociedad's midfielder David Silva (L) during the Spanish LaLiga soccer match between Getafe CF and Real Sociedad held at Coliseum Alfonso Perez Stadium in Getafe Madrid, central Spain, 11 September 2022. EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Фудбалерот на шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад, Давид Силва, е казнет парично поради физички напад врз жена за време на карневал на Канарските острови во јуни оваа година.

На поранешниот шпански репрезентативец му е изречена глоба од 1.080 евра, објавија локалните медиуми, додавајќи оти нападнатата жена при инцидентот се здобила со повреди на вратот и раката, како и гребнатинки на рацете и колената.

Инцидентот, во кој бил вклучен и братот на Давид Силва и уште едно лице, се случил на 19 јуни во гратчето Маспаломас на Канарските острови.