Силва откри зошто никогаш не сакал да игра во Премиер лигата

28

Едно од новите засилувања на Челзи – централниот дефанзивец Тијаго Силва, откри еден интересен факт. Искусниот Бразилец откри зошто никогаш не сакал да игра во англиската Премиер лига и зошто не замислувал дека некогаш ќе го стори тоа.

  • Никогаш порано не замислував дека ќе играм во англиската Премиер лига, бидејќи ми е тешко да играм таков фудбал. Исто така, немав желба да играм во Премиер лигата, бидејќи мојот впечаток беше дека фудбалот што се игра таму е само преку долги топки. Мислев дека се карактеризира со тоа. Јас можам да играм ваков тип на фудбал, но повеќе сакам да играм фудбал на земја. Јас ги знам моите квалитети. Но, малку по малку, Премиер лигата навистина ме освои и секој што ме познава може да го потврди тоа, изјави Силва.