Најдоброто од Италија, тимот на Јувентус, со посебно внимание ја следи ситуацијата околу клупската иднина на португалскиот интернационалец од редовите на шпанскиот прволигаш Севилја, Андре Силва.
Младиот напаѓач е во сопственост на големиот ривал од Серија А, тимот на Милан, но Севилја има право да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната но официјалната понуда не смее да биде помала од 35 мил. евра.
Португалецот откри дека во следните неколку недели ќе донесе конечна одлука кога е во прашање неговата клупска иднина.