Силва е (не)реална желба

41

Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека седумкратниот европски клупски шампион, тимот на Милан, ќе се обиде да ги осигура услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Давид Силва.

Искусниот играч за врска има 34-години, а на крајот од сезоната ќе има и статус на слободен играч. Шпанецот веќе изјави дека сака да се врати во својата татковина и откри дека сака повторно да го носи дресот на Валенсија.