Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон најверојатно ќе биде следната дестинација на репрезентативецот на Потугалија, Андре Силва. Младиот напаѓач моментално настапува како позајмен играч во дресот на Севилја, а е во сопственост на италијанскиот калчо гигант Милан.
Раководните лица на Севилја потврдија дека не планираат да го откупат неговиот договор за 35 мил. евра, а португалскиот интернационалец пак потврди дека не планира да се врати во Милано на крајот од актуелната сезона.