Сигурен сум дека ќе играме во ЛШ

36

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е убеден дека неговиот клуб ќе ја избегне двегодишната суспензија од сите европски натпреварувања која пред неколку месеци ја доби од Европската куќа на фудбалот (УЕФА).

УЕФА на 14. февруари го исклучи Манчестер Сити од сите меѓународни клупски натпреварувања која треба да ги организира во сезоните 2020/2021 и 2021/2022, затоа што англискиот премиерлигаш беше прогласен за виновен, односно не ги почитувал строгите правила за Финансиски фер-плеј.

„Граѓаните“ веднаш испратија жалба до Спортскиот арбитражен суд во Лозана, а конечната одлука треба да биде донесена на 13. јули.

  • Ние сме подготвени. Цврсто сум убеден и мислам дека ќе добиеме право да играме во Лигата на шампиони затоа што сакаме да бидеме на зелениот терен и во следните две сезони. На 13. јули ќе ја добиеме конечната одлука и јас се надевам дека сите тие кои добиваат плата, играчите и сите кои се дел од овој клуб, ќе можат да продолжат со развивањето на Манчестер Сити, изјави Пеп Гвардиола.

Манчестер Сити е еден од фаворитите за освојување на годинашното издание од Лигата на шампиони кое треба да заврши во август во Португалија. Во првиот 1/8 финален натпревар одигран во Мадрид, Сити го победи Реал со 2:1. Се уште не е дефинирано каде ќе биде одигран реванш дуелот.