Малку по малку поранешната тенисерка Мартина Навратилова, изрази сомнеж за продолжувањето на кариерата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Со оглед на тоа дека и таа имаше многу долга кариера, што и стави точка на 38 години, не е јасно зошто има постојани дилеми. Можеби не сака Ѓоковиќ да ја надмине и во тој сегмент.
– Освои се што сакаше, а тоа е златен олимписки медал, но сега ја сака таа 25. грен слем титула за да ја надмине Маргарет Корт – изјави таа за ТВ станицата „Скајспорт“.
Ѓоковиќ следната година полни 38 години.
– Времето ќе го стигне наскоро. Можеби затоа беше навистина лош на последниот натпревар. Сигурен сум дека и неговата сопруга му вели „Време е да престане, уште колку сакаме од ова“ – убедена е легендарната Американка, која верува дека сопругата на Новака, Јелена му вели дека е доста.
Од друга страна, Мартина е убедена дека Ѓоковиќ кога и да одлучи да се пензионира и под какви било околности, тоа нема да му ја намали аурата.
– Никогаш не би му рекла дека не треба да се коцка со кариерата, бидејќи ништо не може да го засени постигнатото досега. Тој е неизмерно добар.
Сопственичката на 18 грен слем трофеи се уште ја отвора вратата за можноста Новак да продолжи да победува.
– Се зависи од тоа колку силно гори огнот во него. Можеби мисли, само уште еден. Но, ако го освои Австралија опен, дефинитивно ќе сака да игра на Ролан Гарос и Вимблдон. Нема само да престане. На него е да одлучи. Во секој случај, не можете да го критикувате ако продолжи да игра затоа што имаше фантастична кариера. Веројатно би го закачил рекетот на колче, но ако сака да продолжи да игра, зошто да не? – вели Навратилова, која последниот грен слем го освои четири години пред да се пензионира.
Минатата година Ѓоковиќ освои три грен слема, а годинава олимпиското злато. Изгледа дека Мартина би можела малку подобро да ги погледне бројките ако сака да се спореди со Новак.