СЗО ја одобри кинеската вакцина против ковид КанСино

60

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека ја одобрила употребата на вакцината против корона вирусот, која ја направи кинеската компанија CanSino Biologics.

Тоа е единаесеттата вакцина против Ковид-19 која доби зелено светло.

Здравствената агенција на ОН објави дека вакцината со една доза КанСино е околу 92 отсто ефикасна против тешко заболување од ковид-19 и 64 отсто во спречувањето на симптомите на болеста, пренесува АП.

Експертската група за вакцини на СЗО ја препорача вакцината на сите на возраст од 18 и повеќе години.

Вакцината КанСино користи безопасен аденовирус за доставување протеини од коронавирус до телото, што потоа предизвикува имунолошки одговор, а технологијата е слична на вакцините произведени од Џонсон и Џонсон и АстраЗенека, според американската агенција.