СЗО: Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус може да достигне два милиони пред масовна вакцинација

46

Бројот на смртни случаи од  новиот коронавирус може да достигне два милиона пред успешната вакцина да почне со широка употреба. Тоа го изјави денеска висок претставник на Светската здравствена организација.

Бројот на смртни случаи за кои зборувате (два милиона луѓе) не е само можен, но за жал е многу веројатен, рече Мајк Рајан, шеф на програмата за итни случаи, на денешниот брифинг на СЗО.

Вкупниот број на смртни случаи од новиот коронавирус веќе се приближува до еден милион (990,095).

Извор:МИА