Се чисти теренот за нова градинка во населбата Касарна

18

Почнаа подготвителните работи за изградба на нова детска градинка во населбата „Касарна“ во Струмица. Објектот ќе се гради на површина од 1.443 квадратни метри со приземје и кат и ќе располага со капацитет за згрижување на 300 деца.

Проектот е финансиран од Министерството за труд и социјална политика, а изградбата треба да заврши за 16 месеци. Новата градинка ќе биде изградена по најсовремени стандарди за згрижување на деца од предучилишна возраст и со неа ќе се реши проблемот со прекубројност во клоновите на градинката „Детска радост“. 

Извор: МИА