Шефот на македонскиот технички тим за преговори со ЕУ, Бојан Маричиќ,вели дека МВР и обвинителството се уште работат на целосно разоткривање на целиот случај околу бегството на Никола Груевски , вклучувајќи ги контактите што тој ги имал и дома и надвор од државата и дека верува дека овие две институции штом ќе имаат комплетен извештај ќе излезат во јавност
Шефот на македонскиот технички тим за преговори со ЕУ, Бојан Маричиќ, вели дека се уште нема конкретни докази како тоа избегал поранешниот премиер Никола Груевски, но тој сепак смета дека побегнатиот екс премиер треба да биде вратен и да не ја избегнува правдата, но дека тоа е одлука на Унгарија.
“Освен оние кои се во јавноста, немаме други вести како избегал Груевски. Тој е азилант во Унгарија и бесправно бега од властите да издржи затворска казна. Ние ги предадовме сите документи на Унгарија и се надеваме ќе постапат според правилата и дека ќе го екстрадираат. Доколку не, тоа ќе биде нивна одлука со која ние не се согласуваме. Не е дека не можат, постојат јасни правила за екстрадиција и на европско ниво и мислам дека можат, има доволно аргументи за тоа, ги доставивме сите акти кои укажуваат на тоа дека Груевски треба да биде вратен , но тоа е одлука на Унгариј”, вели во интрвју за МИА, Маричиќ
Тој вели дека МВР и обвинителството сеуште работат на целосно разоткривање на целиот случај, вклучувајќи ги контактите што ги имал и дома и надвор од државата и дека верува дека овие две институции штом ќе имаат комплетен извештај ќе излезат во јавност и потенцира дека одговорност може да се бара откако ќе се расветлат сите детали од настанот.
Уште еден Никола избега од Македонија
Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница вчера објави меѓународната потерница за уште еден Никола. Имено, се бара Никола Војминовски, кој е осуден за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април на казна затвор од 13 години ,а кој деновиве избегал од земјава..
Како и кога тој точно избегал сеуште точно не се знае.Од обвинителството информираат дека во целиот тек на постапката, од замената на мерката притвор во куќен притвор до донесување и објава на пресудата, до надлежниот јавен обвинител не биле доставени никакви податоци или информации за евентуално бегство на Војминовски
Јавното обвинителството како што посочуваат од таму би се вклучило со кривичен прогон против лица кои евентуално му овозможиле бегство на Војминовски, доколку МВР, кој е надлежен орган за контрола и надзор на мерката куќен притвор, обезбеди релевантни докази што би укажале на извршено кривично дело кое се гони по службена должност.
Во почетокот Никола Војминовски беше во притвор. Но во текот на судењето одбраната за него поднесе барање за укинување на притворот поради неговата влошена состојба. Кривичниот совет на Судот го прифати барањето и му ја замени мерката притвор со куќен притвор.
По завршување на главната расправа како што стои во соопштението на Обвинителството и објавата на затворските казни, надлежниот јавен обвинител предложил ваквата мерка да продолжи до правосилност на пресудата, а поради тоа што неговата здравстевена состојба и понатаму била влошена.
Бегството на Војминовски го потврди Кривичниот суд, од каде што соопштија дека тој не бил дома при рутинската контрола на МВР.
Со бегството на Војминовски уште еднаш се отвора прашањето кој потфрли и дали некој ќе сноси одговорност
Во бегство од Македонија се и екс разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, како и Алил Демири и Африм Исмаиловиќосудени за случајот Монструм и многу други лица кои и по неколку години се наоќаат на веб страната на министерството.