Се урна глечерот Туртемањ во кантонот Вале-Швајцарија

22

Во Швајцарија, на Алпите, долниот дел на глечерот Туртемањ се одвои од горниот дел. Настан, кој треба да предупреди уште еднаш за последиците од глобалното затоплување, јави дописникот на МИА.

Предупредување беше дадено најрво од друг алпски глечер, оној на Плапинцио, кој се наоѓа во масивот на Мон-Блан, на француско-италијанската граница. Сепак, рушењето на глечерот се случи во Швајцарија, поточно на глечерот Тортемањ, во кантонот Вале, кој делумно пропадна. Лавина на парчиња мраз, снимена од сведоци на тажниот спектакл.

Глечерот стануваше потенок од година на година, и се закануваше да се урне. Сега е готово. Долниот дел на глечерот Туртемањ се одвои од горниот дел.

Настан, кој според специјалистите треба да предупреди уште еднаш за последиците од глобалното затоплување. Сепак, ова не е изолирана катастрофа и уште еднаш ги доведе во прашање човековите активности и нивните влијанија врз природата.