Се уредува градскиот стадион

26

Градскиот стадион во Крива Паланка наскоро ќе добие нов лик со изградбата на атлетска патека, терен за мини голф и скејт-парк во спортскиот комплекс во градот. Градежните машини ја расчистуваат подлогата и се порамнува теренот за поставување на атлетска патека.

– Уредувањето ќе се реализира како дел од проектот „Подобра спортска инфраструктура, подобро здравје за сите“, финансиран од Амбасадата на Република Бугарија кој е насочен кон младите од Општината, ученици, спортисти и рекреативци, со цел нивна поголема вклученост во спорт и спортско-рекреативни активности, овозможувајќи им повеќе услови за реализација на истите-соопштија од Општина Крива Паланка.

Предвидено е да се промени ликот на градскиот стадион преку уредување атлетска патека околу градскиот стадион, уредување на мини голф-терен и изградба на скејт-парк на локацијата покрај стадионот.

Извор: МИА