Се уништуваат корењата на повеќедецениски дрвја

273

Од Зелен Хуман Град предупредија на ново уништување на корења на повеќедецениски дрвја во Аеродром на улицата „Васко Карангелески“. Таму се врши проширување на улицата која треба да прерасне во булевар.

– Дали на планерите им е наједноставно да повлечат линија со линијар за местење инсталации притоа не водејќи сметка дали ќе се уништат дрвја⁉ Ако 40% од коренскиот систем се уништи на едно дрво, тоа ќе се исуши за 1-2 години – велат од Зелен Хуман Град.

Оттаму ја повикуваат градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со својот тим да направи ревизија на сите проекти што Град Скопје има намера да ги оствари за да се спречи ново уништување на здрави дрвја во иднина.