Се тампонираат полските патишта во Струмичко

103

Продолжува тампонирањето на полските патишта на територијата на општина Струмица. По тампонирањето на полскиот пат од населеното место Куклиш кон Сачево, во должина од 1.000 метри, се работи во атарот на населеното место Просениково и тоа на два потега во вкупна должина од 800 метри.

Тампонирање почна и на полските патишта во село Гечерлија, општина Босилово. Пред неколку денови се тампонираа патишта во селото Моноспитово, а следните денови активноста ќе продолжи и во другите населени места.

– Материјалот што се вградува е со висок квалитет од каменолом и ќе претставува трајно решение на проблемот со калта и дупките. Со тоа ќе се овозможи побрз и поквалитетен пристап на земјоделските производи од нивите до пазарите – информираат од општина Босилово.