Се спрема нов закон за оданочување на возилата и според тоа колку загадуваат

118

Министерството за финансии подготвува на нов закон со кој ќе се предвиди нов начин за плаќање данок за моторни возила, со земање во предвид и на загадувањето од нив.

-Имајќи ги предвид европските практики и препораките од странските експерти во оваа област данокот на моторните возила покрај вредноста на моторните возила ќе се пресметува и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамови по километар, пишува во образложението објавено на ЕНЕР.

Министерството образложува дека со новиот Закон за акцизите од мај годинава оданочувањето на патничките автомобили не е предмет на уредување на овој закон. Од таа причина, се планира регулација со нов посебен закон за данок на моторни возила.

Според предлагачот, на овој начин ќе се придонесе кон увоз и користење возила со пониска емисија на јаглерд диоксид, што ќе значи намалување на загадувањето на воздухот со цел да се обезбеди здрава животна средина, што е основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните.

Министерстовот за финансии треба да го подготви и да го достави предлогот на овој нов закон до Владата до 22 наредниот месец.