Илда Шаулиќ зрачи со природна убавина, со природна насмевка, а сите се сложни и со тоа дека во ликот е копија на татко си Шабан. Илда е одлична и кога после целодневното „плажирање“ ќе се среди во вечерен фустан, кога ќе позира пред закотвените јахти на светските богаташи во познатото пристаниште во Будва. Многу мажи би ја посакале за својата сопруга. Но, таа е долги години верна на само еден маж, на Бојан Вучковиќ
Ќерката на некогашната музичка мега-ѕвезда, трагично загинатиот пејач Шабан Шаулиќ, згодната Илда, деновиве од летните горештини се одмара на Црногорското приморје. И таа е пејачка која успешно тргна по стапките на својот славен татко. Особено ја памтиме, а и сè уште слушаме со песните „Стани душо да те испратим“, „Верујем у љубав“, „Сад бих знала како да те чувам“….освен со песните Илда никого не остава рамнодушен и со своето вито тело. Иако е во години и се оствари како мајка, Илда изгледа како тинејџерка. За неа годините се навистина само бројка. Многу постари жени можат да и бидат љубоморни, особено кога на плажа се соблече во бел дводелен костим за пливање. Мажите не можеа да тргнат поглед од неа, а жените оние кои не се љубоморни, велат дека ќе ја прашат за совет: како и тие така младешки да изгледаат?
Илда зрачи со природна убавина, со природна насмевка, а сите се сложни и со тоа дека во ликот е копија на татко си Шабан. Илда е одлична и кога по целодневното „плажирање“ ќе се среди во вечерен фустан и ќе позира пред усидрените јахти на светските богаташи во познатото пристаниште во Будва. Многу мажи би ја посакале за својата сопруга. Но, таа е долги години верна на само еден маж на Бојан Вучковиќ (не од светот на естрадата), со кој има и ќерка.
–
Ова долго, топло лето оваа популарна пејачка го користи максимално. Фолк ѕвездата ги полни батериите така што по цел ден плива, а тоа обожава, а кога не е во самото сино море, тогаш е некаде под некоја дебела летна ладовина, под некоја палма, освежувајќи се со соковите од тропските овошја. Вели дека тие сокови и се доволни цел ден да издржи без јадење, кое во ова летно време и се состои од лесна медитеранска исхрана.
Тоа значи дека Илда во секој поглед се подготвува и за својот есенски концерт кој ќе биде на 10 октомври.
-Веќе започнавме со пробите за концертот. Сакам сè да биде совршено, на мојата публика да ѝ подариме настан за паметење. На оној концерт кој го имав на летната сцена на Топчидер, поставив високи стандарди. Сега се обидувам да го надминам тоа, што е голем предизвик и за мене и за мојата екипа, кажа среќната Илда.
–
Илда воедно бараше и сосема нова песна со која ќе ги израдува обожавателите, а токму таа песна ќе ја промовира на есенскиот концерт. Кога композиторите дознаа дека бара нова песна, веднаш ја контактирале Илда. За кусо време песната е најдена, за неа специјално напишана. Веќе е снимен и видеоспот, а во спотот учествуваше и нејзината миленичка, ќерката Ема, внуката на дедо Шабан.
-Мојата Ема е мојата гордост. Учествуваше во снимањето на спотот Како вистинска мала помошничка ни ги разубави часовите и деновите додека напорно работевме. Наскоро следуваат уште многу убави музички изненадувања кои ви ги подготвив, но нека помине жешкото лето, па се гледаме и слушаме, порачува добро расположената ќерка на Шабан Шаулиќ. Д.М.