Се сеќавате ли на Девојката со долгата коса – уште си живее како модерна Златокоса

155

Малгоржата Кулцук е жената од Лондон која никогаш во животот не ја потстрижувала ниту бојосувала косата – а сега таа и досега до подот.

Нејзината коса е долга 157 сантиметри, а изгледа сосема здраво, иако никогаш не ја потстрижувала. Последен пат ги потстрижала врвовите на косата пред повеќе од пет години.

За странските медиуми во една пригода има изјавено дека во детството сакала од косата да плете плетенки и да ја негува како Златокоса.

Оваа природна русокоса нема никаква посебна рутина која и помага да ја одржи косата здрава и цврста, единствено што користи е серум од мешавина од различни масла. Таа го втрива во темето на главата половина час пред миење. Многумина велат дека Малгожата има убедливо најдолга коса на светот, а благодарение на неа стана и хит на Инстаграм со повеќе од 11 000 следбеници.