Почна реновирањето на Центарот за згрижување на лица со посебни потреби „Мајка Тереза“, на просторот кој им е доделен на користење во период од 10 години од страна на Општина Гевгелија.
Објектот има простор од 100 квадратни метри и дворна површина од околу 2.000 квадратни метри, а ќе биде наменет за згрижување на повозрасни корисници кои имаат потреба од подолг престој, во времетраење од пет часа дневно.
Во дворот ќе има повеќенаменско игралиште и фитнес-справи за подобрување на физичката активност и затворена градина каде ќе се одгледуваат цвеќиња, зеленчук, овошки, билки, а предвидена е и мини-фарма и уметничка работилница.
Основната цел е за стекнување навики на животни и комуникациски вештини и поголема социјална инклузија.