Се реновира улицата „Илинденска“ во Битола

14

Почнаа подготвителни работи на улицата „Илинденска“ во Битола, што е вовед во наредниот период да се направи целосна реконструкција на оваа улица во должина од 2.131 метар која е значаен сообраќаен крвоток за градот.

– Реконструкцијата ќе опфати неколку фази, во кои Општина Битола учествува со секундарното поставување на мешовита канализациона мрежа и секундарни приклучоци на водоводната мрежа, а потоа и поставување на нов коловоз во вредност од над 50.000 евра – информираше градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Таа апелираше на взаемна соработка со локалното население и посочи дека жителите благовремено ќе бидат информирани кога реконструктивните зафати ќе дојдат до нивните куќи, со цел навремено  да пријават секундарен приклучок, а не тоа да се прави во периодот после асфалтирање на улицата.

Поради почеток на реализација на проектот, воведена е времена измена на режим на сообраќај на потегот од улица „Прилепска“ до улица „Панде Кајзерот“.

Извор: општина Битола