Се реконструира катната гаража во Ново Лисиче

34

Општина Аеродром деновиве почна со реконструирање на катната гаража во населбата Ново Лисиче. Од општина Аеродром информираат дека се врши бојадисување на челичната конструкција, како и промена на оштетените хоризонтални и вертикални олуци.

– Со ЈП „Градски паркинг“ ја разгледуваме можноста за воведување зонско паркирање во дел на општината, со цел да им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните и да го олесниме паркирањето – изјави градоначалникот Златко Марин.