Се ревитализира парк на улицата „Кемал Сејфула“

60

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу лично изврши надзор врз работниот процес којшто општинските служби го реализираат за ревитализација на еден од парковите на улица „Кемал Сејфула“, во населба Стар Чаир.

-Новата зелена површина и новите засадени дрвја во оваа зона ќе ја донесат со себе многу посакуваната свежина во очите на граѓаните. Со многу волја ќе ја продолжиме нашата работа за позелен Чаир!-соопштија од Општината Чаир.