Се распрскува емулзиона течност на повисоките места

256

Општина Карпош информира дека нивната Зимска служба распрскува емулзиона течност по дел од повисоките места – населби (Бардовци, Жданец и Трнодол).

Оттаму објаснуваат дека станува збор за средство, чија цел е да спречи заледување на коловозот во пресрет на најавените снежни врнежи.

-Течноста се распрскува непосредно пред најавени снежни врнежи, со цел да се придонесе кон полесно топење на снегот по сообраќајниците и пешачките зони-потенцираат општинските власти.

Тие додаваат дека Општина Карпош е во постојана комуникација со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и во консултација со стручните лица од оваа институција, се преземаат превентивни активности за полесно справување со најавениот снег.

-Имено, поинтензивни  врнежи од снег се очекуваат во текот на утрешниот ден (од 2 до 5 cm во скопската котлина). Намерата на локалната самоуправа е примарно да се исчистат повисоките места (населби), како и да се обезбеди безбедно движење на граѓаните по пофреквентните зони-заклучија од локалната самоуправа.