Се разгорува дебатата за потеклото на човештвото:Остатоци од пештерска жена милиони години постари отколку што се веруваше

779

Ново истражување го усложнува сегашното разбирање на еволуцијата и заклучоците од кои дошле луѓето.

Фосилните остатоци што им припаѓале на најстарите предци на луѓето се многу постари отколку што првично мислеа научниците, покажа новото истражување, пренесува Ем-Ес-Ен.

Фосилите, како оние на пештерската жена Плес, се закопани со милениуми во јужноафриканската пештера позната како лулка на човечките видови.

Неодамнешните истражувања покажаа дека група пештерски луѓе талкале по земјата пред 3,4 и 3,7 милиони години.

Ова ново знаење би можело да ги преобликува заедничките сфаќања за човечката еволуција.

Ова значи дека сега има повеќе начини на кои нашите предци можеле да еволуирале.

Со години, научниците веруваа дека видот Australopithecus africanus, чии фосили беа откриени во пештерите Стеркфонтејн во близина на Јоханесбург, е стар помалку од 2,6 милиони години.

Таму се откриени повеќе човечки остатоци од праисториски луѓе отколку на кое било друго место во светот, како што е черепот пронајден во 1947 година, кој и припаѓал на пештерска жена која го добила прекарот Плес.

Според експертите од музејот Смитсонијан, овие видови, кои оделе на две нозе, биле многу пониски од современите луѓе.

Мажјаците биле во просек високи 138 сантиметри, а женките 115.

Но, најновите техники сугерираат дека Плес и остатоците откриени околу неа се всушност милион години постари отколку што се мислеше.

Истражувачите дошле до податоци за новото време со тестирање на седимент околу фосилите.

Претходно, научниците мислеа дека хоминидите на Australopithecus africanus се премногу млади за да еволуираат во нашите предци, кои талкале по земјата пред околу 2,2 милиони години.

Овие наоди сега сугерираат дека имале уште милион години да го направат тој еволутивен скок – што ја отвора можноста дека Плес била дел од видот на пештерските луѓе кои биле наши предци.

Овој вид постоел на Земјата во исто време со мајмунот познат како Луси, чии останки се стари 3,2 милиони години.

Новите наоди покажуваат дека двата вида биле способни да комуницираат и да се размножуваат, велат научниците, а тоа ја комплицира моменталната слика од каде потекнуваат луѓето, па се претпоставува дека еволуцијата можеби и не е толку едноставна.

„Тоа значи дека нашето семејно стебло е повеќе како грмушка“, вели францускиот научник Лоран Брук, кој работел на студијата.