СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ – 04 ПРИЈАВАТА ДО 27 ЈАНУАРИ

76

 

Со оглед  на ограничените човечки ресурси кај сметководителите и отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е- Даноци, УЈП ги известува даночните обврзници и сметководителите, дека поднесувањето на пријави ДДВ- 04  се продолжува согласно Законот за даночна постапка.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ -04 пријавата е (25.01.2023) и истиот се продолжува за  два работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ – 04 пријавите ќе се смета 27.01.2023 ( петок).

Вкупниот број на ДДВ обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ пријава изнесува 39.588. До денес ( 25.01.2023) година, до 13 : 30 часот  поднесени се 31.640  ДДВ пријави а бројот на неподнесени ДДВ пријави изнесува 7.948.